Забранета хуманитарна акција на „Златна зора“ во Атина

Градските власти во Атина и забранија на крајодесничарската партија „Златна зора“ денеска да одржи хуманитарна акција, со образложение дека таа „прокламира расизам и ксенофобија“. Градоначалникот на Атина Јоргос Каминис изјави дека ќе ги осуети плановите на партијата да дели храна и облека на Грци на плоштадот Атика. Претставници на „Златна зора“ доцна синоќа изјавија дека нема да да ја почитуваат забраната и оти сите нејзини 18 претставници во грчкиот Парламент ќе учествуваат во настанот.