Кејт и Вилијам ја напуштија болницата

Британскиот пар Кејт и Вилјам ја напуштија болницата држејќи го во раце својот син, кого го претставија на медиумите и на граѓаните кои со часови го исчекуваа тој момент. Во моментот на излегување од лондонската болница Сент Мери бебето беше во прегратката на својата мајка, а покрај нив стоеше гордиот татко. Тој се шегуваше со новинарите велејќи дека за среќа, бебето личи на мајка му. Името на детето чии фотографии го преплавија целиот свет ден откако се роди се уште не е познато, а се очекува одлуката за тоа да биде донесена во следните неколку дена.