Ал Каеда превзема одговорност за нападите во Ирак

По инцидентот, полицијата во Ирак ги засили контролите на пунктови низ земјата

Ал Каеда превзема одговорност за нападите на ирачки затвори при кои избегаа стотици затвореници, меѓу кои и високорангирани лидери на милитанската организација. Според писмената изјава на интернет, подготовките за ослободувањето на затворениците траеле со месеци. Нападите се случија во неделата вечер во затворските институции во градовите Таџи, северно од Багдад и Граиб, западно од главниот град на Ирак. Најмалку 25 припадници на безбедносните сили загинаа во инцидентите.