Пентагон ги претстави воените опции за Сирија

Американскиот Конгрес доби од Пентагон прв список на воени опции за завршување на судирите во Сирија. Според првичните проценки, таквите акции би чиниле милијарди долари, пишуваат американските дневни весници. Началникот на американскиот Генералштаб генерал Мартин Демпси во писмо до претседателот на Одборот на Сенатот за оружените сили Карл Левин наведува дека војската била подготвена за обука, советувања и помош на опозициските сили, но и за ограничени ракетни напади и воведување зона на забранети летови.