Невработеноста во Грција достигна 27 проценти

Невработеноста во Грција ќе остане висока до 2015 година и ќе биде на ниво од 27 проценти, објави грчкиот весник „Етнос“. Весникот наведува дека бројот на невработени во Грција, Шпанија и Португалија ќе зголемува, но дека веќе и се надѕира крајот на економската рецесија во овие земји. Невработеноста меѓу младите се смета како најсериозната закана за економијата на еврозоната заедно со банкарскиот систем на ЕУ.