Министерот Сарачини во посета на Косово

Министерот за економија Ваљон Сарачини

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Косово. Тој ќе се сретне со косовскиот министер за инфраструктура Феми Мујота, со министерот за економски развој Фадил Исмаили и со министерот за финансии Бесим Беќај. На средбите ќе бидат разгледани актуелните и идните проекти кои ќе придонесат за интензивирање на соработката. Косово е значаен трговски партнер на Македонија и е земја со која остварува најголема трговска размена. Во минатата година размената достигна над 420 милиони долари, а во првите пет месеци од годинава таа е повеќе од 120 милиони долари.