Свеченост за враќањето на контингентот на АРМ од Авганистан

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи свеченост по повод враќањето на контингентот на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада, кој во изминативе шест месеци учествуваше во мировната мисија ИСАФ во Авганистан. На воената свеченост, меѓу другите, ќе присуствуваат министерот за одбрана Талат Џафери и американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс. Припадниците на овој контингент ја обезбедуваа главната команда на силите на ИСАФ во Кабул. За досегашното беспрекорно и професионално извршување на задачите тие добија највисоки оценки.