Белорусија заинтересирана за соработка со ЕУ

Шефот на белоруската дипломатија Уладзимир Макеи изјави дека неговата земја е заинтересирана за соработка во сите сфери со Европската унија во рамките на Програмата за источно партнерство. Тој вчера во Брисел имаше средби со претставници на Европската унија. Тое е прва посета на белоруски висок претставник на Брисел по воведувањето на забраната за патување на белоруски преставници во Унијата. Тоа беше една од мерките за осуда на насилното задушување на опозицијата во таа земја по претседателските избори во 2010 година. Неодамна Брисел ја укина забраната.