Хезболах ја осуди одлуката на ЕУ

Членови на Хезболах

Либанската шиитска група Хезболах ја осуди и ја нарече агресивна и неправедна одлуката на ЕУ да ја стави на списокот на терористички организации. Според соопштението, Хезболах оценува дека одлуката на ЕУ е резултат на притисокот од страна на САД и Израел.
САД ја поздравија одлуката, која според нив испраќа јасна порака дека ЕУ се противи на терористичките активности на Хезболах.