САД и Авганистан со безбедносен договор до октомври?

Американскиот генерал Мартин Демпси

Американскиот генерал Мартин Демпси изрази надеж дека до октомври САД и Авганистан ќе го потпишат билатералниот безбедносен договор, со кој ќе се постават условите за присуството на странските сили во Авганистан по 2014 година.Според него, доколку договорот не биде постигнат сите американски војници би можеле да си заминат, при што ќе нема кој да ги тренира авганистанските сили по 2014.