Судири на поддржувачите и противниците на Морси во Египет

Четири лица загинале при судирите меѓу поддржувачите и противниците на соборениот египетски претседател Мухамед Морси. Најмалку 26 лица биле повредени во насилството. Во меѓувреме семејството на Морси соопшти дека ќе преземат правни мерки против армијата, која го држи Морси во непознат воен објект откако беше соборен од власт на 3 јули.