Ново задолжување со над 18 милиони евра

Владата утре ќе ја задолжи државата за над 18 милиони евра преку два пакета од двегодишни државни обврзници, еден пакет петгодишна обврзница и еден пакет шестмесечни државни хартии од вредност, јавуваат медиумите. Се планира продажба на двегодишна државна обврзница во износ од 10,7 милиони евра, како и двегодишна обврзница со износ од 1,6 милиони евра. Дополнително, на аукција ќе оди и петгодишна државна обврзница, заштитена со евроклаузула, во износ од 2,9 милиони евра.