Карзаи условно прифати покана за посета на Пакистан

Авганистанскиопт претседател Хамид Карзаи условно прифати покана за посета на соседен Пакистан. Во соопштението од кабинетот на шефот на државата се наведува дека висока делегација од Авганистан ќе отпатува за Пакистан под услов главна точка на агендата да се разговори за борба против тероризмот и мировни разговори. Пакистанските власти ја упатија поканата во неделата во текот на преговорите на високо ниво за смирување на тензиите меѓу двете држави.