ОБСЕ изразува загриженост за предлог-законот за медиуми

Дуња Мијатовиќ

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми Дуња Мијатовиќ изрази загриженост за проблематични одредби во предлог - законот за медиуми, кој е влезен во собраниска процедура. „Со оглед на состојбата со слободата на медиумите во земјата, загрижена сум дека легислативата ќе може да се користи за замолчување и за ограничување на слободата на говор“ изјави Мијативиќ. Таа во дописот до министерот за јавна администрација и информатичко општество Иво Ивановски посочува неколку клучни проблеми кои треба да се ревидираат во законското решение, во врска со агенцијата за надзор како и високите казни.