ВМРО - ДПМНЕ контра СДСМ за Комисијата за 24 декември

Пратеникот на владеачката ВМРО – ДПМНЕ Илија Димовски побара средба со колегите од Комисијата за собраниските настани од 24 декември, со цел продолжување на дијалогот и дискусиите поврзани со процесот на работа на телото, но и со конкретнo продолжение на седниците. „ Не би сакале со неконструктивен и некоректен однос да им даваме аргументи на оние страни кои не и посакуваат добар развој на Република Македонија“ рече Димовски.

Илија Димовски не е во можност да поставува услови, ниту пак да свикува седници на Комисијата, велат од опозициската СДСМ. „Ако Комисијата можела да заседава без претседател тоа ќе можела да го направи од 16 март па наваму“ изјави портпаролот на опозиционерите Петар Шилегов. Инаку, претседателот на телото беше именуван на 11 јуни годинава - професорот Борче Давитковски минатата недела се повлече од челната функција на комисијата.