Кежаровски гладува, обвинителството го презема случајот

од протестот на новинарите за ослободување на Кежаровски

Новинарот Томислав Кежаровски ја одбил затворската храна и писмено ги информирал надлежните дека почнува штрајк со глад, јавуваат македонските медиуми. Новинарот е притворен под обвиненија за објавување на име на заштитен сведок во 2008 година. Неговата сопруга Марина преку социјалните мрежи најави дека ќе се солидаризира со одлуката на нејзиниот сопруг, кој е во притвор веќе втор месец. Од Кривичниот суд информираат дека истрагата по случајот завршила на 16-ти овој месец а предметот е предаден на обвинителството.