Иран: САД не заслужуваат доверба

Ајатолах Али Хаменеи

Иранскиот врховен верски лидер Ајатолах Али Хаменеи побара од новата иранска администрација да биде претпазлива во договарањето со Соединетите држави, наведувајќи дека Вашингтон не заслужува доверба. Тој додаде дека не забранува преговори со Соединетите држави, но оти не е оптимист во нивниот исход. За две недели новиот умерен ирански претседател Хасан Рохани треба да ја преземе функцијата откако победи на јунските избори.