Груевски во Москва на потпис на договор за Јужен тек

Македонска делегација, предводена од премиерот Никола Груевски по покана од Руската Федерација, денеска ќе замине за Москва, каде што утре треба да потпише договор за гасоводот „Јужен тек“. „Со склучување на договорот за Јужен тек, сите други натамошни операции за гасификација на Македонија, за градење внатрешна инфраструктура на гасоводи добива смисла во вистински правец“, изјави Груевски, кој додаде дека „Газпром“, односно Руската Федерација треба да реши од каде ќе дојде кракот во Македонија, од Бугарија или од Србија.