Голем број убиени во жестоките борби во Сирија

Проопозициската сириска организација за човекови права соопшти дека биле убиени 49 луѓе во нападите на сириската војска во Адра, предградие на Дамаск. Сириските државни медиуми јавија дека цел на нападите биле членови на исламистичката милитантна група Ал Нусра Фронт. Најмалку 20 цивили биле убиени во нападите на сиријската војска во градот Ариха кој го држат бунтовниците. На дипломатски план сирискиот премиер Кадри Џамил се очекува да ја посети Москва денеска на разговори со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Русија е сојузник и снабдувач со оружје на сирискиот режим.