Тачи ќе го посети северот на Косово

.

Премиерот на Косово, Хашим Тачи ќе го посети северот на Косово, изјави заменикот премиер Хајредин Кучи.Верувам дека наскоро ќе се создадат услови за остварување на нашите цели, безбедноста и полицијата. На тој начин ќе се создадат и услови премиерот да го посети северот на Митровица-рече тој.Заменикот премиер е убеден дека ќе се оствари напредок за договорот кој во април, со посредство на високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон го постинаа премиерите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ.