Четири лица затруени при пожар во лифт во Струга

Вчера во Струга избувнал пожар во лифт во зграда на ул. Маршал Тито. Од пожарот биле затруени со ЦО2 четири лица и им е укажана лекарска помош во Медицински центар Струга. Повредените се пуштени на домашно лекување. Пожарот е изгаснат од страна на екипа од ТППЕ-Струга.