Давитоглу: Турција ќе одговори на било каква закана од Сирија

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави дека Анкара веднаш ќе возврати во случај на каква било закана од Сирија по безбедноста на турската граница. „Во случај на какви било закани и опасности по безбедноста на турската граница, веднаш ќе одговориме со најефикасни методи“ рече Давутоглу. Како што јави Анадолија, за време на средбата со грчкиот колега Евангелос Венизелос во Анкара, Давутоглу рекол дека состојбата во Сирија сериозно го загрозува целиот регион, вклучително и Турција.