Грчките приватни медиуми се солидаризираат со ЕРТ

Приватните телевизии во Грција денеска прогласија 24-часовен штрајк во знак на солидарност со отпуштените работници на државната радиотелевизија ЕРТ, кои повеќе од еден месец ја држат окупирана зградата на медиумот и емитуваат вести преку интернет. За време на штрајкот приватните телевизии нема да емитуваат програма во живо, туку само забавни емисии и филмови. Штрајкот се совпаѓа со планираните дебати во Парламентот за предлог-законот за нова државна радиотелевизија на местото на ЕРТ. Пратениците вчера ги отфрлија предлозите на главната опозициска партија СИРИЗА за формирање на комисија, која ќе ја разгледува одлуката за затворање на ЕРТ на 11 јуни.