Кери се сретна со преговарачот на Палестинците

Американскиот државен секретар Џон Кери се сретна со преговарачот за палестинците Саеб Ерекат. Двајцата разговарале за мировните преговори меѓу Палестинците и Израел, поконкретно, за условите под кои Палестинците ќе продолжат со преговорите. Според неофицијални извори, Палестинците бараат отцртување на границите пред 1967 година што би било основа за разговори за нивната независна држава. Кери се обидува да ги рестартира разговорите кои двете страни ги прекинаа во 2010 поради изградбата на еврејски населби на Западниот брег и источно од Ерусалим.