Наредено ослободување на Навални

Судот во рускиот град Киров нареди ослободување на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални, ден откако тој беше осуден на пет години затвор за проневера. Обвинителството побара тој да биде ослободен додека трае процесот на жалба на судската одлука. Според судот, една од причините за пуштањето од затвор е и кандидатурата на Навални за градоначалник на Москва. Се додава дека неговото затворање би значело голема предност пред другите негови ривали на изборите во септември.