Кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеи шпионира за кинеската влада, изјавил поранешниот директор на ЦИА Мајкл Хајден за денешното издание на весникот Аустралиан фајненшел ривју. Според Хајден, компанијата Хуавеи е безбедносна закана за САД и за Австралија, додавајки дека Кина од неа добива информации за странските телекомуникациски ситеми и за нивните софтвери. Од Хуавеи ги демантираат ваквите тврдења.