Во Панама уапсен припадник на ЦИА

Поранешниот шеф на канцеларијата на ЦИА во Милано, Роберт Шелдон, е уапсен во Панама. Судот во Италија, Шелдон го прогласи за виновен и во отсуство му изрече казна затвор од 9 години за киднапирање на египетски осомничен терорист од улица во Милано, кој потоа бил држен во Египет и испрашуван неколку месеци. Од ЦИА засега нема коментар за апсењето на Шелдон во Панама.