Обама го охрабри Нетанјаху да ги рестартира мировните преговори со Палестина

Американскиот претседател Барак Обама го охрабри израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ги продолжи напорите да се рестартираат мировните преговори со Палестинците и од него побара да продолжи да работи со американскиот државен секретар Џон Кери на тој план.
Кери пак е веќе во Јордан и денеска би требало да се консултира со израелските и палестинските лидери. Кери уверува дека неговите деномесечни обиди за повторно почнување на мировните разговори напредуваат, но Стејт департментот соопшти дека во моментов нема планови или најави за продолжување на преговорите. Во меѓувреме, состанокот на високо ниво составен од палестински лидери заврши без одлука за тоа дали да го поддржат најновиот мировен предлог на Кери предлог, чиишто детали не се објавени, но се поддржани од страна на Арапската лига.