Пронајдено телото на исчезнатиот лидер на узбекистанската дијаспора во Таџикистан

Властите во Таџикистан соопштија дека телото на лидерот на узбекистанската дијаспора Салим Шамсидинов било пронајдено во река во соседен Узбекистан . Шефот на подрачната единица на министерството за внатрешни работи во регионот Халтон ја потврди информацијата. Анвар Тагојмурадов рече дека телото билои пронајдено во април годинава но за сега не се знае зошто се одлагала информацијата за случајот. Шамсидинов беше пријавен за исчезнат во март годинава.