Филе бара национален конесензус од Србија за ЕУ

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе во денешното обраќање во српскиот парламент изјави дека за успех на пристапните преговори со Европската унија се потребни голема решителност и нацинален и партиски консензус во земјата. Тој додаде дека преговорите со Брисел не смеат да останат ексклузивно право на група експерти во владата, туку во нив мора да биде вклучено и целото општество. Филе денеска ќе престојува и во Приштина.