Во Авганистан талибанците убиле осум работници

Талибанските милитанти убиле осум работници на нивниот пат кон една американска воена база во југоисточниот дел на Авганистан. Според локалните власти, работниците кои биле на возраст од 15 до 25 години биле стрелани. И за време на рамазанскиот пост, талибанците најавија дека ќе ги продолжат нападите врз странските војници и врз авганистанците кои работат за нив.