Дачиќ - Србија ќе биде 29-та членка на ЕУ

Српскиот премиер Ивица Дачиќ вчера му посака добредојде на еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Белград со констатација дека „сега и официјално земјата е под негов ресор“. На заедничката прес-конференција по средбата, Дачиќ истакна дека посетата на Филе во Белград сведочи дека и во Брисел „веруваат дека Србија ќе биде 29-та членка на ЕУ“.