Блатер загрижен за Светското првенство во фудбал во Бразил во 2014

Претседателот на светската фудбалска федерација ФИФА Сеп Блатер.

Претседателот на светската фудбалска федерација ФИФА Сеп Блатер за прв пат јавно изрази сомнежи во врска со одржувањето на Светското првенство во фудбал во Бразил во 2014 година. Тој рече дека доделувањето на Светското првенство на Бразил може да биде „погрешна одлука“ ако и догодина во Бразил има протести како минатиот месец кога Бразил беше домаќин на Купот на конфедерациите. Стотици илјади Бразилци минатиот месец излегоа на улиците барајќи подобри јавни услуги и протестирајќи против огромните трошоци за организација на Светското првенство. По завршувањето на Купот на конфедерациите, ФИФА разговараше со бразилските власти, а Блатер изјави дека за тоа прашање во септември повторно ќе разговара со бразилската претседателка Дилма Русеф.