Талибанските милитанти бараат Малала да се врати дома

Високорангиран талибански милитант од Пакистан апелира до младата активистка за образование Малала Јоусафзаи да се врати од Лондон во провинцијата Пактунхва. Аднан Рашид во дописот до Малала вели дека талибанците не се противат на образованието за девојки. Тој го правда ланскиот обид за убиство на активистката со тврдење дека Малала ги омаловажувала талибанските напори за воспоставување на исламистички систем во долината Свот. На својот 16 роденден Малала се обрати пред претставници на Обединетите нации и изјави дека милитантите не успеале да ја замолчат.