Пахор: Статус кво ситуацијата фактички значи назадување

Статус кво ситуацијата со проблемот со името и приближувањето на Македонија кон Европската унија фактички значи назадување, изјави словенечкиот претседател Борут Пахор. Според него, оставањето на Македонија надвор од интеграциските процеси не е добро за земјата и за регионот, но и за Европската унија. „ Потребно е да се најде добра политичка волја кај Европската унија, кај Македонија и кај нејзините соседи да се најде излез од ваквата ситуација која не е корисна за никого“ рече претседателот. Тој во рамките на дводневната псоета на македонија се сретна со претседателот Ѓорге Иванов и со престедателот на Собранието Трајко Вељаноски. Во текот на денот, Пахор ќе разговара и со премиерот Никола Груевски.