ДПМ: Лустрацијата е хајка против македонските писатели

Друштвото на писателите на Македонија со загриженост го следи процесот на лустрација на македонските писатели и бара да престане овој атак кој е насочен против најсветлите страници на македонската национална литература и култура, стои во обраќањето на ДПМ до, како што се наведува, највисоките државни инстанци. „ Апсурдот е дотолку поголем што оваа хајка против македонските писатели покажува знаци на обид за девалвирање на вредностите врз антимакедонска основа и разнебитување на духовните и естетски дострели според кои Македонија е препознатлива ширум светот“ се вели во дописот.