Иванов: Ако важеа спортски правила во ЕУ, до сега ќе бевме таму

Ако важеа спортски правила во ЕУ, до сега ќе бевме таму. Така што она што го прават спортистите, се надевам ќе го прават и политичарите, ќе ги обединуваат луѓето, ќе им носат многу радости и убави моменти, “изјави претседателот Ѓорѓе Иванов на средбата со неговиот словенечки колега Борут Пахор. Двајцата лидери го промовираа Евробаскет 2013 година како спортски настан кој во септември ќе се случува во Словенија.