Кетрин Ештон во Каиро

Шефицата на дипломатијата на Европската унија Кетрин Ештон денеска е во Каиро на разговори со новата привремена египетска влада која вчера ја презеде должноста. Предводена од премиерот Хазем ал Беблави, тоа е прва влада откако на 3 овој месец египетската војска го собори од власт исламистичкиот претседател Мухамед Морси. Неговото Муслиманско братство оцени дека оваа влада е нелигитимна. Шефот на египетската војска генерал Абдел Фатах ал Сиси кој го предводеше соборувњето на Морси е наименуван за прв заменик премиер и министер за одбрана.