Панама заплени кубански брод со оружје

Куба соопшти дека севернокорејскиот товарен брод запленет во Панама бил натоварен во едно од нејзините пристаништа со искористено одбранбено оружје. Во синоќешното соопштение на кубанското министерство за надворешни работи се вели дека пратката со оружјето била вратена во Северна Кореја на поправка, а содржела 9 расклопени ракети и два борбени авиона МИГ 21, како и 15 мотори за ова летало.
Панама го заплени севернокорејскиот брод и ги уапси 35-те членови на екипажот, откако пронајде сомнителни делови од проектили скриени во пратка со кафеав шеќер од Куба.