Вардар убедливо поразен од Стеауа

Во квалификациите за групната фаза на Лигата на шампионите синоќа во Букурешт романскиот шампион Стеауа го победи првакот на Македонија Вардар со 3:0. Реваншот се игра во вторник во Скопје.
Синоќа се одиграа уште седум други натпревари од второто квалификациско коло.
Постигнати се следните резултати:

Викторија Плзењ – Железничар 4:3,
БАТЕ – Шахтер Караганду 0:1,
Динамо Тбилиси – Стрејмур 6:1,
Шериф – Сутјеска 1:1,
Екранас – Хафнарфјордур 0:1,
Биркиркара – Марибор 0:0,
Фола – Динамо Загреб 0:5.