Сноуден бара привремен азил во Русија

од протестите за подршка на Сноуден во Хамбург, Германија

Шефот на рускиот Федерален сервис за миграција потврди дека Едвард Сноуден побарал привремен азил во Русија. Константин Ромодановски изјави дека барањето на Сноуден ќе биде разгледувано во период од три месеци, согласно законските прописи. Поранешниот разузнавач на американските тајни служби живее во транзит зоната на московскиот аеродром речиси еден месец, по пристигнувањето од Хонг Конг. Тој е заглавен поради поништен пасош а Соединетите американски држави бараат негова екстрадиција по обвиненија за шпионажа и откривање на државни тајни.