УЕФА ги одби жалбите на турските екипи

Комисијата за жалби на УЕФА ги отфрли жалбите на турските екипи Фенербахче и Бешикташ, кои добија забрана на настап во европските купови за оваа сезона.
УЕФА ги суспендираше Фенербахче и Бешикташ заради наместените натпревари во домашното првенство во 2011 година. Фенербахче го освои второто место и требаше да игра во квалификациите од Лигата на шампионите, додека Бешикташ беше трет и требаше да игра квалификации во Лига Европа.