Панама запленила брод со ракетна опрема

Претседателот на Панама Рикардо Мартинели изјави дека панамските власти заплениле брод под севернокрејско знаме кој пловел од Куба и во кој имало, како што наведе, софистицирана ракетна опрема. Мартинели додаде дека бродот и екипажот биле задржани за натамошна истрага. Неговите наводи засега не можат да бидат потврдени од друг извор. Северна Кореја која во февруари гоинава изведе третта нуклеарна проба се соочува со низа санкции од Обединетите нации поради нејзините ракетни и нуклеарни активности.