Голема акција против педофилија во САД

Американските власти соопштија дека биле уапсени 255 луѓе во САД и во осум други држави во операција против педофилија. Операцијата „Ај Гардијан“ била насочена кон луѓе вклучени во онлајн сексуална злоупотреба на малолетници, како и луѓе што поседуваат, произведуваат и продаваат детска порнографија. Биле спасени 61 деца. Најголем дел од апсењата биле во САД, а уапсени има и во Бразил, Канада, Израел, Мексико, Филипини, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд, а 17 од уапсените работеле на места од доверба, меѓу кои и 9 наставници и тројца свештеници. Истрагата се однесува на луѓе вклучени во „сексуално изнудување“ во кое осомничените вршеле притисок врз малолетниците преку интернет да им пратат фотографии со експлицитна сексуална содржина, а потоа ги уценувале.