Лидерот на НСДП Тито Петковски казнет за клевета

Основниот суд Скопје 2 му изрече парична казна од 650.000 денари на лидерот на НСДП Тито Петковски по тужбата од премиерот Никола Груевски за клевета и нарушување на угледот и честа. Груевски го тужеше Петковски кој во октомври минатата година за неделникот „Фокус“ изјавил дека премиерот со официјално писмо до генералниот секретар на ОН во 2008 се согласил новото име да биде „Република Македонија (Скопје)“.