Протести во Истанбул за поддршка на Морси

Илјадници луѓе синоќа протестираа во Истанбул за поддршка на соборениот египетски претседател од страна на армијата Мохамед Морси. Демонстрантите беа организирани од исламистичката Партија на среќата. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој е близок со Морси, вчера му ја изрази својата безрезервна поддршка. Тој го оцени соборувањето од власт на својот политички сојузник на 3 јули како државен удар.