Лукашенко во Кина

Белорускиот претседател Александар Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја почнува тридневната посета на Кина до која доаѓа по покана од кинескиот претседател Си Џинпинг. Се очекува двете земји да потпишат заедничка декларација и над 20 спогодби, протоколи и договори. Кина веќе е инволвирана во низа енергетски и индустриски проекти во Белорусија.