Нови напади во Ирак, 50-тина мртви

Ирачките власти соопштија дека при последните вчерашни бомбашки напади во градовите јужно од Багдад загинале најмалку 38 луѓе, а десетици се ранети. Цел на напад биле населени места со Шиити а напаите се изведени за време на муслиманскиот празник Рамазан. Претходно полицијата соопшти дека над 20 луѓе загинаа при бомбашки напади врз сунитските џамии во Багдад. Во изминативе три месеци со заострување на односите меѓу Суните и Шиитите во Ирак загинаа речиси 3 илјади луѓе.