Шпанската опозиција бара оставка од премиерот

Шпанската опозиција бара оставка на премирот Маријано Рахој поради натписите во весниците за наводна вмешаност на премиерот во корупциски скандал за време на претходниот мандат. Скандалот за кој неодамна почнаа да пишуваат медиумите околу незаконското финансирање ја размрда и владечката Народна партија по што драстично се намали нејзиниот рејтинг.
Шпанските медиуми објавија податоци според кои премиерот знаел за нелегалното финансирање на партијата во кое бил вмешан и поранешниот гувернер Луис Барсенас. Весникот Ел Мундо објави смс порака што тие двајца си ја размениле.