Повредени луѓе на трките со бикови во Памплона

Девојка од Австралија е сериозно повредена на денешните трки со бикови во шпанскиот град Памплона. Дваесетитригодишната девојка веднаш била подложена на операција. Уште четворица други учесници во трката се хоспитализирани поради повреди. Вчера голем број на тркачи биле прегазени кога се заглавиле во тесен влез во зграда. Вчерашниот биланс е дваесет и тројца повредени од кои еден посериозно, а во петокот биле прободени тројца мажи. Денеска на финалето од фестивалот сите бикови учесници во трката ќе бидат убиени од страна на матадори. Фестивалот во Памплона е посветен на светецот Сан Фермин.